Министерот за социјална политика во владата на Христијан Мицкоски, Фатмир Лимани, беше присутен на ифтарот организиран од премиерот на Албанија, Еди Рама.
Иако истиот ден Владата и премиерот Мицкоски организираа ифтар за членовите на владата и новинарите, Лимани сепак избра да отиде кај Рама.
После ифтарот, тој се сликаше во дружба со Али Ахмети и Арбен Таравари во приватна средба во Тирана.
Засега нема коментар од премиерот за чудното однесување на Лимани.
Коалицијата ВЛЕН, од друга страна, веќе јавно кажа дека Лимани не ги претставува повеќе.