Актуелен директор на државна институција заврши со лисици на рацете во акција на службите за борба против организиран криминал при БЈБ. Според првичните, неофицијални информации, функционерот бил фатен „на дело“ при барање и примање мито во висина од неверојатни 50.000 евра.
Иако се чека официјална потврда од надлежните, извори од истрагата брифираат дека станува збор за Васе Анакиев, првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделство.
Од Обвинителството ја потврдуваат акцијата:
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, велат од таму.
Надлежните допрва ќе утврдуваат дали директорот делувал сам или бил дел од поширока криминална мрежа во рамките на институцијата.