Македонија

Локални врнежи од дожд се очекуваат на почетокот од новата седмица

Локални врнежи од дожд се очекуваат на почетокот од новата седмица

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=14°C. P=975hPa. U=40%. V=6m/s.

Следува период на променливо облачно време. Во деновите од викендов ќе се задржи стабилно и суво, а во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни