Македонија

Му се заканувал и го уценувал со снимка за 5000 евра наводен долг, уапсен маж од Чегране

Му се заканувал и го уценувал со снимка за 5000 евра наводен долг, уапсен маж од Чегране
Фото: 4news.mk

На 21.03.2026 во 21:55 часот во Гостивар полициски службеници го лишиja од слобода Г.Г.(34) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и му барал 5000 евра, кои наводно му ги должел.

Според пријавеното, Г.Г. му праќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објавел снимка од разговор меѓу нив.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни