Македонија

Стефановски: Македонија треба да размислува за плаќање по час како во Европа

Стефановски: Македонија треба да размислува за плаќање по час како во Европа

Во услови на економски предизвици, аналитичарот Милан Стефановски смета дека Македонија треба да почне да размислува за промена на моделот на плаќање на трудот, по примерот на европските земји.

Според него, системот на плаќање по час, кој е широко распространет во Европа, овозможува поголема флексибилност и правична распределба на приходите.

„Во Европа се плаќа по саат – Македонија мора да размислува во таа насока“, посочува Стефановски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Тој оценува дека ваквите промени би можеле да придонесат за подобрување на пазарот на труд и за задржување на работната сила во земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни