Македонија

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе!

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе!

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека нејзиниот ангажман во Владата зависи од одлуката на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека таа секојдневно работи посветено на развојот на државата.

Таа посочи дека составот на Владата го предлага премиерот, додека партиските структури исто така имаат улога во носењето на одлуките, додавајќи дека евентуалните промени не зависат од неа.

Изјавата доаѓа во пресрет на најавената владина реконструкција во наредните месеци.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни