Министерот за здравство Азир Алиу откри дека лекар од јавното здравство добил енормна плата, но без да открие идентитет.
Случајот ќе се процесуира институционално, а можно е да има и кривична одговорност.
„И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се загрози. Знаеме дека нашата работа може да се заврши за две недели отсега, но тие се процедури и ќе треба други институции да ги процесуираат“, рече тој.