Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските земји.
Зборувајќи на состанокот на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија „никогаш не го отфрлила развојот на овие односи, како и нивното обновување“, според транскриптот објавен од Кремљ.
Путин повторно го наведе соборувањето на промосковскиот украински претседател Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година, како причина за раздорот.
Рускиот претседател зборуваше за „државен удар“ поддржан од САД и неколку европски земји, објави новинската агенција ДПА.
Според него, ова го означи почетокот на „синџир од трагични настани што сè уште се одвиваат во Украина денес“.
Советот за безбедност треба да ја разгледа состојбата на односите со европските земји, а особено со Европската Унија, заклучи Путин.
На истиот состанок, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде оценка за овие односи, но Кремљ не објави детали од неговото обраќање.