Македонија

Повик за масовен протест пред Град Скопје: „Ова е удар врз јавниот интерес“

Повик за масовен протест пред Град Скопје: „Ова е удар врз јавниот интерес“

Граѓанската иницијатива „О.К. Млади“ повика на масовен протест кој ќе се одржи во петок со почеток во 12 часот пред бараките на Град Скопје, во Градскиот парк. Според најавата, протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Од иницијативата велат дека повод за протестот е, како што наведуваат, „отфрлањето на концептот ‘Скопје што се грижи’“ и смената на луѓе кои, според нив, со години работеле на воспоставување систем за заштита и грижа.

„Ова не е само разрешување, туку удар врз принципите, јавниот интерес и врз сите нас“, се наведува во повикот, во кој се нагласува дека станува збор за луѓе кои, како што тврдат, спасиле илјадници животни и работеле без личен интерес.

Организаторите обвинуваат дека наместо професионалци се поставуваат „послушни кадри“ и порачуваат дека нема да молчат ниту да дозволат, како што велат, уништување на систем кој функционира.

Тие бараат итно повлекување на одлуката, враќање на претходниот концепт и институции кои ќе работат во интерес на граѓаните.

„Ова не е борба за една функција, туку за вредности – хуманост, правда и Скопје што се грижи“, порачуваат од „О.К. Млади“, повикувајќи ги граѓаните масовно да се приклучат на протестот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни