Свет

Орбан до Трамп: Наместо да поттикнувате војна, сакајте ја и спасете ја вашата земја!

Орбан до Трамп: Наместо да поттикнувате војна, сакајте ја и спасете ја вашата земја!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Европа се соочува со една од најтешките економски кризи во својата историја и повика на итно укинување на санкциите за руските енергенси. Неговата порака доаѓа во време кога глобалната енергетска криза се продлабочува поради конфликтот на Блискиот Исток, јавува агенцијата Анадолу.

„Европа иде кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза, а Европа е во голема опасност“, напиша Орбан на социјалната мрежа X. „Единствениот излез е укинување на санкциите за руските енергенси. И тоа веднаш. Не смееме да размислуваме за Путин, туку за сопствената земја и нашите народи. Наместо поттикнување војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналде!“, додаде тој.

Реакција на обвинувањата на Туск

Пораките на Орбан следуваат како одговор на полскиот премиер Доналд Туск, кој го обвини унгарскиот лидер дека го нарушува европското единство и работи во корист на стратешките интереси на Русија.

„Заканата од распад на НАТО, ублажувањето на санкциите кон Русија, огромната енергетска криза во Европа, прекинот на помошта за Украина и блокирањето на заемот за Киев од страна на Орбан – сето тоа звучи како план од соништата на Путин“, наведе Туск во посебна објава.

Конфликтот на Блискиот Исток ја продлабочи кризата

Глобалната енергетска криза дополнително се продлабочи откако САД и Израел на 28 февруари започнаа воздушна офанзива врз Иран, во која досега загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучително и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и проектили врз Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде се распоредени американски воени капацитети. Овие напади предизвикаа човечки жртви и штети врз инфраструктурата, а истовремено ги нарушија глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни