Вечерва во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ.мк, поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска, ја коментираше оставката на обвинителката Ленче Ристоска, истакнувајќи дека според нејзиното мислење, ова е израз на висок интегритет.
„Оваа оставка за мене е одлика на висок интегритет. Се согласувам дека секој има шанса да напредува, како што вчера изјави обвинителот дека ќе ги земе овластувањата и дека напредокот е достапен за сите“, рече Ивановска.
Сепак, таа посочи дека она што е важно да се испорача пред јавноста се ефектите и ефективноста на работата на институциите.
„Со одземањето на овластувањата на некој што дошол до завршна фаза, како што е Ленче Ристоска, по мое мислење, тоа може да ги одолговлекува ефектите. Нека објасни обвинителот на што се должи ова одземање на овластувањата“, додаде Ивановска.
Таа заврши со појаснување дека ја разбира одлуката на Ристоска и повтори дека според нејзино мислење, оставката е токму одлика на висок интегритет.
Погледнете ја целата емисија: