Светските берзи забележаа нагло поскапување на нафтата, при што цените достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години, соопштуваат финансиските аналитичари.
Според последните податоци, северноморската нафта „Брент“ се тргува по цена од 109 до 111 долари за барел, додека американската „WTI“ достигна околу 111 долари за барел. Во само еден ден цените се зголемија меѓу 8 и 11 проценти, што укажува на значителна нестабилност на глобалниот енергетски пазар.
Главниот фактор за наглото поскапување се геополитичките тензии на Блискиот Исток и загриженоста од можни прекини во снабдувањето преку клучниот Ормутски теснец. Аналитичарите предупредуваат дека нафтата веќе ја пробила психолошката граница од 100 долари и се движи кон зоната над 110 долари, што би можело да доведе до понатамошен раст на цените.
Доколку кризата продолжи, тоа неизбежно ќе се одрази врз малопродажните цени на горивата на бензинските пумпи во регионот, предупредуваат економските експерти.