Свет

Италијанската влада го продолжи намалувањето на акцизата за горива до 1 мај

Италијанската влада го продолжи намалувањето на акцизата за горива до 1 мај

Италијанската влада денес го одобри продолжувањето на намалувањето на акцизата на горивата до 1 мај, со цел да се ублажи зголемувањето на цените на енергијата.

Мерката, која првично беше воведена на 18 март, требаше да истече на 7 април, но сега е продолжена, па намалувањето на данокот од речиси 0,25 евра по литар сè уште ќе биде на сила.

Вкупната вредност на пакетот се проценува на најмалку 500 милиони евра, при што околу 30 милиони евра се наменети за поддршка на земјоделските претпријатија, објавува „Соле 24 Оре“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни