Двајца жители на Битола се соочуваат со кривична одговорност поради обид да внесат марихуана и кокаин во затворската установа во Битола.
Како што соопшти СВР Битола, против В.Д. и П.Д. (39) е поднесена кривична пријава за постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според истрагата, второпријавениот П.Д. му дал насоки на првопријавениот како преку оградата во отвореното одделение на Казнено-поправната установа во Битола да достави марихуана и кокаин. Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот и поднесување соодветен поднесок до надлежното обвинителство.