Свет

Убиен ирански разузнавачки командант во напади на САД и Израел

Убиен ирански разузнавачки командант во напади на САД и Израел

Иранската револуционерна гарда денес соопшти дека шефот на нивната разузнавачка служба, Маџид Хадеми, е убиен во напади изведени од САД и Израел.

Портпаролот на иранскиот Генералштаб истакна дека како одговор на овие напади, Техеран таргетирал претежно енергетски објекти на Блискиот Исток поврзани со САД и Израел.

Според соопштението на Иранската револуционерна гарда, Хадеми имал пет децении искуство и играл значајна улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.

Меѓународната новинска агенција Ројтерс наведува дека иранските државни медиуми потврдиле дека Хадеми е мртов, но не објавиле дополнителни детали за околностите на неговата смрт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни