Околу 18 отсто од бензинските пумпи во Франција утрово останале без најмалку еден вид гориво, изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика Мауд Брегеон.
Според неа, 83 отсто од погодените пумпи се на компанијата TotalEnergies, кои во оваа ситуација ги ограничиле цените на горивото на 1,99 евра по литар бензин и 2,09 евра по литар дизел, пренесе порталот БФМ ТВ.
Брежон најави дека францускиот премиер Себастијан Лекорну во наредните денови ќе претстави „нов пакет помош“ за горивото, но појасни дека помошта нема да биде универзална и дека нема да има замрзнување на цените.
Таа додаде дека пакетот ќе опфати специфични мерки за поддршка на потрошувачите погодени од актуелната состојба на пазарот на горива.