Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се повикаат на распит сите вклучени во случајот Рекет, сите имиња кои се спомнуваат во исказот на Орце Камчев, а кои се спомнати во вчерашниот текст на дел од порталите.
Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека истрагата за овој случај е многу штура и непрофесионална.
Горан Сугаревски изјави дека остануваат посветени на усвоената Декларација за борба против криминалот и корупцијата и дека судските органи можат да ги употребат сите средства за кој било функционер од СДСМ.
Дел од порталите објавија некомплетен исказ на Орце Камчев пред обвинителката Вилма Рускоска, а текстот ги спомнаа имињата на премиерот Заев, министрите Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и пратеничката Фросина Ременски. Тие веднаш излегоа со реакции на социјалните мрежи најавувајќи дека ќе ги тужат порталите за клевета.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ