Македонија

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

На 08.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел.

Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни