Македонија

Сообраќајна несреќа во Скопје: Две лица повредени на булевар „Словенија“

Сообраќајна несреќа во Скопје: Две лица повредени на булевар „Словенија“
Фото: 4news.mk

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на булеварот „Словенија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата учествувале два патнички автомобила и едно товарно возило.

Според информациите од МВР, денеска (14.04.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода во која биле вклучени патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (45), патничко возило „мазда“ со пробни регистарски ознаки, управувано од С.А. (31), како и товарно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.К. (37) од Куманово.

„Од незгодата со повреди се здобиле две лица, кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во медицинска установа за укажување помош“, соопштија од МВР.

На местото на несреќата извршен е увид од полициски екипи, а причините за судирот дополнително се утврдуваат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни