Македонија

ЦУК со детали за пожарот во Шуто Оризари: Се запалила машина за мелење железо!

ЦУК со детали за пожарот во Шуто Оризари: Се запалила машина за мелење железо!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека преку бројот 112 е добиена пријава за пожар во Шуто Оризари.

Според пријавата, станува збор за запалена машина за мелење железо на улица 1675, број 24, во скопската населба Шуто Оризари.

На терен интервенираат екипи на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.

Повеќе информации за причините и евентуалната штета засега не се соопштени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни