Македонија

Филипче: Мицкоски свесно ја турка Македонија во изолација за да ја заштити криминалната банда

Филипче: Мицкоски свесно ја турка Македонија во изолација за да ја заштити криминалната банда

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски свесно ја турка државата во изолација за да ја заштити криминалната банда и да го закочи европскиот пат на државата.

„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што прават. Намерно сакаат да изолираат земјава од Европа за да сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, рече Филипче.

Филипче појасни дека продолжувањето на европскиот пат ќе значи примена на европските стандарди и правда.

„Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партиски вработувања, на државни, народни, граѓански пари. Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси“, рече Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни