Македонија

ДКСК се поднови, Катерина Зајковска е новата антикорупционерка

ДКСК се поднови, Катерина Зајковска е новата антикорупционерка

Собраниската комисија за избори и именувања даде зелено светло Катерина Зајковска да биде нов член на Антикорупциската комисија.

Претседателот Ѓорѓи Сајковски информираше дека таа била меѓу петтемина кандидати кои ги исполнувале условите и освоила најмногу бодови по интервјуата во Собранието.

Зајковска доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка по скандалот со финансирањето на партиите за претседателските избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни