Македонија

Јакимовски: Секоја моја победа била чиста како солза, во 2017 достоинствено му ја честитав победата на Богоев, овојпат одбив и да се ракувам!

Јакимовски: Секоја моја победа била чиста како солза, во 2017 достоинствено му ја честитав победата на Богоев, овојпат одбив и да се ракувам!

Екс градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски вечерва во „Ноќно студио“ на 4ТВ направи паралела со неговиот пораз во 2017 година, кога достоинствено му ја честиташе победата на Стефан Богоев.

Сепак, за актуелната ситуација вели дека одбил дури и да се ракува при примопредавањето на функцијата.

„Секоја моја победа била чиста како солза – без ниту еден уценет или купен глас. Овојпат ниту честитав, ниту сакав да се ракувам. Карпош не заслужува градоначалник кој дошол на власт на нечесен начин“, дециден е тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни