Волкот кој вчера беше уловен во скопско Козле, најверојатно бил чуван незаконски.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази неверување од постапката на сопствениците кои го чувале дивото животно среде урбана средина.
„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, истакна тој.
Животното е префрлено во Зоолошката градина
По лоцирањето и заловувањето, волкот е безбедно транспортиран и во моментов за него се грижат службите на Скопската зоолошка градина.
Од надлежните институции сега се очекува да ги преземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и лоцирање на одговорноста.
Апелирајќи дека во Скопје мора да има строг ред, Ѓорѓиевски порача:
„Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување.“