Македонија

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари, добиле ветување за вработување во државна институција!

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари, добиле ветување за вработување во државна институција!
Фото: 4news.mk

На 13.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари.

Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски  стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари.

Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни