Македонија

Метео аларм: Силен ветер денеска во повеќе делови од земјава

Метео аларм: Силен ветер денеска во повеќе делови од земјава

Силен ветер денеска ќе дува во повеќе делови од земјава, предупредуваат метеоролозите.

Според најавите, во западните делови ќе дува западен ветер, додека во југоисточните делови и во скопската котлина ветерот ќе биде од северозападен правец.

Наместа неговата брзина ќе достигнува до 60 километри на час.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во близина на дрвја, билборди и нестабилни конструкции. Возачите, пак, треба да ја приспособат брзината на условите на патиштата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни