Собранието на општина Улцињ ја дополнува Одлуката за комунален ред, па така лице кое ќе биде затекнато во костим за капење или без дел од облека надвор од просторот за пливање ќе биде казнето од 150 до 500 евра.
Во одлуката се наведува дека новите правила на однесување се воведуваат со цел заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини.
„Со цел заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини, забрането е движење во костим за капење или без дел од облека на јавни површини во населби со градски карактер, приградски населби и туристички локации на територијата на општина Улцињ, освен во зоните за пливање – плажи и непосредната крајбрежна област наменета за капење…“, се наведува во одлуката.
За прекршокот е предвидена казна од 150 до 500 евра, пренесуваат црногорските медиуми, но не се наведува кој и на кој начин ќе одлучува и од што ќе зависи дали казната ќе изнесува 150, 300 или 500 евра.