Свет

Земјотрес го стресе Неапол – училиштата затворени

Земјотрес го стресе Неапол – училиштата затворени

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на вулканската калдера Кампи Флегреи кај Неапол во 5:51 часот, училиштата се затворени.

Потресот бил силно почувствуван во Неапол, како и на островите Искија и Процида во Неаполскиот залив, а бројни граѓани на социјалните мрежи објавиле дека биле разбудени од тресењето на земјата, пренесува АНСА.

Училиштата се затворени како мерка на претпазливост, додека службите за цивилна заштита вршат проверки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни