Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди наместа со слаб локален дожд. Попладне во југоисточните делови ќе биде нестабилно со услови за појава на ретки грмежи и пороен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 со 30 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=26°C. P=980hPa. U=35%. V=3m/s

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни