Меѓународниот аеродром Скопје ги известува сите патници дека од денеска, 21 мај 2026 година, се одвиваат градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда.
Поради изведувањето на овие активности, можно е да дојде до привремени ограничувања и побавна фреквенција на патници за време на безбедносната контрола. Со цел непречено одвивање на патувањата и избегнување на евентуални доцнења, од аеродромот упатуваат апел до сите патници да пристигнуваат на време, односно најмалку два часа пред закажаното време на полетување на нивните летови.
Надлежните служби им се заблагодаруваат на патниците за нивното трпение и разбирање во текот на овие активности.