Балкан

Тело пронајдено во буре во Србија

Тело пронајдено во буре во Србија

Во Србија, во близина на Инѓија, во буре е пронајдено тело на непознато лице, а Nova.rs неофицијално дознава дека може да станува збор за Александар Нешовиќ Баја, кој исчезна пред девет дена по пукање во ресторан во белградски Сењак.

Во тек се проверки и анализи за да се утврди точниот идентитет на пронајденото лице.

Потрагата и апсењата траат неколку дена

Потрагата по телото на Александар Нешовиќ Баја, за кој постои сомневање дека е убиен во ресторанот „27“ во Сењак, трае веќе девет дена.

За ова убиство се уапсени десет лица, меѓу кои и Веселин Милиќ, началник на Управата за градска полиција во Белград, кој беше отпуштен од должност истиот ден.

Убиство пред очите на полицајците

Голем број полицајци и припадници на жандармеријата учествуваа во потрагата по телото на Нешовиќ, а пред неколку дена се придружија и единици на српската армија. Потрагата беше фокусирана на областа околу Јарковачкото езеро, недалеку од Инѓија.

Се сомнева дека Саша Вуковиќ Бошке е лицето кое пукало во Нешовиќ пред полицијата во ресторанот, чие тело потоа било однесено на непозната локација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни