Македонија

Андоновски: 340 илјади корисници имаме на порталот, најмногу се бара Извод од матичната книга на родените!

Андоновски: 340 илјади корисници имаме на порталот, најмногу се бара Извод од матичната книга на родените!

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се пофали дека моментално имаат околу 340 илјади корисници на порталот uslugi.gov.mk.

„Имаше по 0,5 услуги од корисник што значи дека половина од корисниците само еднаш кликнале за да добијат некаква услуга, што значи дека бил целосно неискористен. Денеска имаме по околу 2,5 услуги од корисник“, вели Андоновски.

Според него, најмногу се бара извод од матичните книги на родени, потоа Државјанство, па Добивање дозвола за користење на оружје која што е во топ 5 најкористени услуги.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни