Македонија

ФОТО Први фотографии од утрово, камионот кој однесе 4 животи сè уште е на скопската обиколница

ФОТО Први фотографии од утрово, камионот кој однесе 4 животи сè уште е на скопската обиколница

Камионот кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница и понатаму се наоѓа на местото на настанот, додека истражните екипи вршат увид и прибираат докази за утврдување на причините за трагедијата.

Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, на обиколницата околу Скопје.

Според првичните информации од надлежните институции, 76-годишен возач од Косово, управувајќи товарно возило, изгубил контрола врз камионот, ја пробил заштитната метална ограда и навлегол во спротивната сообраќајна лента, каде директно се судрил со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

Телма ТВ

По силниот удар избувнал пожар во патничкото возило, при што животот го загубиле четири лица. Надлежните засега не објавуваат дополнителни детали за идентитетот на сите жртви, додека истрагата е во тек.

Телма ТВ

Возачот на камионот е лишен од слобода и задржан во полициска станица по наредба на јавен обвинител, а телата на починатите се дадени на обдукција.

Телма ТВ

Полицијата продолжува со целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни