Македонија

Нестабилно време за викендот: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Нестабилно време за викендот: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

На повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=25°C. P=982hPa. U=50%. V=3m/s.

За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во четврток повторно за очекуваат врнежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни