Попладнево, во 15:39 часот по локално време, силен земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 22 километри југозападно од Елбасан и 16 километри североисточно од Лушња, со географски координати 41.036° N (север) и 19.845° E (исток).
Сеизмолошките апарати измерија дека потресот се случил на релативно мала длабочина од 10 километри, што придонело истиот да биде силно почувствуван од населението во околните градови, но и во поширокиот регион.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или посериозна материјална штета.