Попладнево беше регистриран земјотрес во Македонија со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците од сеизмолошките служби.
Земјотресот е регистриран на длабочина од околу 5 километри.
Според податоците, потресот се случил во 17:41 часот по локално време. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.
Сеизмолозите продолжуваат да ја следат состојбата и можните последователни потреси.