Македонија

Уапсен маж од беровско, полицијата му нашла дрога, оружје и муниција!

Уапсен маж од беровско, полицијата му нашла дрога, оружје и муниција!

Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин.

Додека, при преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени оружје, муниција и други делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека неовластено ги поседувал.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни