Македонија

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни ракетни и дронски напади на Русија врз Украина.

Во реакцијата, Министерството наведува дека нападите биле насочени кон Киев и други региони во земјата, при што имало цивилни жртви и значителна штета врз критичната инфраструктура.

„Силно ги осудуваме последните големи ракетни и дронски напади на Русија против Украина“, се наведува во објавата на македонската дипломатија.

Од Министерството повторија поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и ескалација на конфликтот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни