Македонија

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965 евра

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965 евра

Денеска(24.05.2026) од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија.

При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце, тетовско пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите.

Лицата се лишени од слобода по член 278 “криумчарење” од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни