Семејството на повозрасна жена апелира за помош откако таа денеска била изгубена во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“ во Скопје.
Според објавата на социјалните мрежи, жената последен пат била видена околу 3:15 часот. Во моментот на исчезнувањето била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели пруги.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат информации или ја забележале жената да се јават на телефонскиот број 070/399-945.