Македонија

Македонија го осуди рускиот напад со дрон врз станбена зграда во Романија

Македонија го осуди рускиот напад со дрон врз станбена зграда во Романија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија најостро го осуди рускиот напад со дрон врз станбена зграда во Романија, при што биле повредени цивили.

Во објава на официјалниот профил на Министерството на платформата X се наведува дека „руската агресија врз Украина продолжува да создава ризици и надвор од украинските граници и претставува закана за регионалната безбедност“.

Од Министерството истакнуваат дека нападите врз цивилни објекти се неприфатливи и повикаа на почитување на меѓународното право и заштита на цивилното население.

Романија, како членка на НАТО и сосед на Украина, во повеќе наврати предупреди дека руските напади во близина на нејзината граница претставуваат сериозен безбедносен ризик за регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни