Македонија

Македонците работат речиси четири часа повеќе од европскиот просек

Македонците работат речиси четири часа повеќе од европскиот просек

Додека во Европската Унија вистинското неделно работно време бележи благ, но константен пад во последната деценија, во Македонија се работи значително над европскиот просек. Најновите податоци на Евростат откриваат дека во 2025 година, европскиот работник на возраст од 20 до 64 години во просек работел по 35,9 часа неделно (кратење од речиси еден час во споредба со 2015 година).

Наспроти ова, просечното вистинско неделно работно време во Македонија изнесува 39,5 часа, што ја позиционира земјава високо на скалата по должина на работната недела, објави 4news.mk.

Балканскиот регион предничи пред Европа

Според статистичките показатели, подолги работни недели од македонските работници имаат дел од вработените во соседството, додека Хрватска е поблиску до европските стандарди.

  • Србија: 41,3 часа неделно
  • Босна и Херцеговина: 41,1 час неделно
  • Македонија: 39,5 часа неделно
  • Хрватска: 37,8 часа неделно

Грција со најдолга, Холандија со најкратка работна недела во ЕУ

Во рамките на Унијата постојат драстични разлики помеѓу земјите членки, каде што југот и истокот работат значително подолго од западот и северот на Европа.

Земји со НАЈДОЛГО работно време во ЕУПросечни часовиЗемји со НАЈКРАТКО работно време во ЕУПросечни часови
Грција39,6 ч.Холандија31,9 ч.
Бугарија38,7 ч.Данска33,9 ч.
Полска38,7 ч.Германија33,9 ч.
Литванија38,4 ч.Австрија34,0 ч.

Земјоделците и менаџерите работат најмногу, администрацијата најмалку

Евростат направи детална анализа и врз основа на занимањата и секторите. Резултатите покажуваат дека профилот на професијата диктира колку време ќе поминете на работното место.

Кој работи најмногу во ЕУ?

Убедливо најдолги работни недели имаат квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството со просек од дури 42 часа. По нив следуваат менаџерите кои во просек работат по 40,6 часа, како и припадниците на вооружените сили со 39,4 часа неделно.

Кој работи најмалку во ЕУ?

На спротивната страна, најкратки работни недели се забележани кај т.н. елементарни занимања (општи работници) со 31,8 часа, по што следуваат помошните работници во канцеларии со 34 часа и вработените во услужниот и продажниот сектор со просечни 34,5 работни часа неделно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни