Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 33 степени

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 33 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни