Свет

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, сè ќе заврши добро!

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, сè ќе заврши добро!

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својата социјална мрежа Truth Social, тврдејќи дека „Иран навистина многу сака да постигне договор“.

Воедно, тој остро ги нападна сите критичари кои ги преиспитуваат неговите напори во преговорите со Иран.

„Зарем тие ‘демократи’ и разни навидум непатриотски републиканци не разбираат дека многу ми е потешко добро да ја вршам својата работа и да преговарам кога политички платеници постојано и негативно ‘цврчорат’, на нивоа какви што никогаш порано не биле видени, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или побавно, или да започнам војна, или да не започнам војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе заврши добро – секогаш завршува така!“, порача Трамп.

Интересно е што американскиот претседател во својата најнова објава воопшто не го споменува иранскиот напад врз цели во Кувајт, ниту пак жестоките американски воздушни напади врз цели во Иран кои беа извршени за време на викендот.

Нови напади врз Иран, сирени во Кувајт

Да потсетиме, Централна команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) утрово официјално потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран.

Официјалното соопштение на Пентагон беше објавено само неколку минути откако Кувајт соопшти дека е под напад, по што беа активирани сирените за воздушна опасност поради проектили и дронови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни