Што се крие зад мистериозниот број што деновиве се појави низ градот? Телефонски број со пораката “Најстрашниот звук по сообраќајна несреќа? Јави се и слушни.“ деновиве предизвикува љубопитност кај јавноста и на социјалните мрежи. Koj стои зад пораката? Зошто никој не се јавува?
Во време на секојдневен шум од информации и реклами, кампањата „Одговорно со технологијата” успеа да се издвои со автентичност, емоција и јасна порака. Наместо класичен пристап, кампањата понуди силен симбол, телефонски број и повик што ѕвони без одговор и на тој начин ја натера јавноста да застане и да размисли.
Токму затоа, иницијативата на A1 Македонија беше препознаена како пример за модерна, одговорна и храбра комуникација што има вистински општествен импакт и отвора теми од суштинско значење.