Во тек е интензивна потрага по жител од селото Јастребник кој се води како исчезнат, а според информациите од семејството, лицето боледува од деменција.
Од неговото исчезнување поминале повеќе од 30 часа, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Семејството и блиските упатуваат итен апел до граѓаните да помогнат во потрагата и да пријават доколку располагаат со каква било информација што може да помогне во неговото пронаоѓање.
Воедно, се повикуваат сите кои се во можност да се вклучат во пребарувањето на теренот, со цел лицето што побрзо и побезбедно да биде пронајдено.
За информации или координација околу потрагата, граѓаните можат да се обратат на следните телефонски броеви:
077-955-733 – Метка
078-670-097 – Александар
Семејството нагласува дека секоја информација, без разлика колку изгледа незначителна, може да биде од голема важност за успешно завршување на потрагата.
Апелот се споделува на социјалните мрежи со цел да допре до што поголем број граѓани и да се зголемат шансите за пронаоѓање на исчезнатото лице.