Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема без ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Уставни измени нема без ВМРО-ДПМНЕ

Во пресрет на денешната посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски повтори дека нема да има уставни измени без учество на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со очекувањата од средбата со Кошта, премиерот истакна дека ставот на Владата останува непроменет.

Мицкоски нагласи дека односите со Бугарија мора да се градат како двонасочна улица, односно дека обврски и напори треба да постојат и од македонската и од бугарската страна.

Тој оцени дека опозицијата ја нарушува позицијата на Владата во спорот со Бугарија, бидејќи, како што рече, бугарската страна е свесна дека во земјата постои политичка опозиција која создава внатрешни проблеми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни