Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 32 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=28°C. P=979hPa. U=55%. V=3m/s.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.