Македонија

Пронајден починат 47-годишен маж во стан во Тетово

Пронајден починат 47-годишен маж во стан во Тетово

Синоќа во Тетово бил пријавен случај на починато лице пронајдено во стан во Блок 82.

Според информациите од СВР Тетово, околу 21:40 часот било пријавено дека во сопствениот стан бил пронајден починат С.С. (47) од Тетово.

На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни