Македонија

Фатени на дело во РЕК Битола: Две лица приведени при обид за тешка кражба

Фатени на дело во РЕК Битола: Две лица приведени при обид за тешка кражба

Двајца млади мажи биле лишени од слобода рано утринава во кругот на РЕК Битола – рудник „Суводол“, откако полициски службеници ги затекнале при извршување на тешка кражба.

Според информациите од полицијата, акцијата била спроведена околу 03:00 часот, кога биле приведени Д.Ќ. (25) од Битола и С.А. (18) од Прилеп.

Осомничените биле затекнати на лице место додека вршеле кражба во рамки на комбинатот, по што веднаш биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од СВР Битола.

Од полицијата информираат дека одземените предмети се пронајдени и вратени, а по целосното расчистување и документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истрагата за случајот е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни